Дома Фудбал Англија Азар разочаран: Да игравме и уште три часа немаше да ја допрам топката

Азар разочаран: Да игравме и уште три часа немаше да ја допрам топката

Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар е свесен дека Манчестер Сити целосно ги надигра во вчерашното дерби од Премиер лигата.

Белгиецот по натпреварот беше навистина разочаран.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога го напуштате теренот вообичаено имате чуство дека сте трчале и дека сте уморни, но јас го немам. Штета што е така. Можевме да играме и уште три часа, а јас не би ја допрел топката. Бевме добри само на крајот во последните 10-15 минути кога имавме и поголем посед. Така требаше да играме во текот на целиот натпревар“, изјави Азар за белгиските новинари во микс зоната на „Итихад“.

Азар смета и дека одлуката на Антонио Конте да игра со долги топки на овој натпревар не била паметна.

„Се обидувам да скокам, но против Отаменди и Лапорт беше навистина тешко. Не покажавме квалитет. Според мене полесно би ни било да играме со долги топки доколку во нападот ги имавме Жиру и Мората“, заврши Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …