Еден Азар не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и од малата минутажа која ја добива, па одлучи да ја промени средината.




Азар оваа сезона добива многу мала минутажа и запиша само 17 настапи, па веќе го известил својот агент да му бара нов клуб.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Белгиецот не е задоволен, а „Марка“ тврди и самиот Реал Мадрид сака да се ослободи од него.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Азар одбил да се пресели во Њукасл во јануари, и покрај фактот што Реал ја прифатил понудата.




Азар на лето сигурно заминува, но сака да игра во клуб со големи амбиции и да се бори за трофеи.
Азар во 2019 година за 115 милиони евра пристигна во Реал Мадрид, но поради големиот број на повреди никогаш не ги оправда очекувањата.