Дома Топ вести Азар оди на продажба, Реал ја одреди цената

Азар оди на продажба, Реал ја одреди цената

Реал Мадрид е спремен да го продаде Еден Азар уште во следниот трансфер прозорец, тврдат шпанските медиуми.

Белгиецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 100 милиони евра плус бонуси, но не успеа да оправда ниту еден цент од парите што ги вложи клубот во неговиот трансфер.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Азар ги разочара сите по пристигнувањето во Реал Мадрид бидејќи одигра само 36 натпревари, притоа постигна четири гола и четири асистенции, а сезонава настапи само на девет меча.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да го продаде Азар за 50 милиони евра, што е помалку од половина од сумата која ја платија „кралевите“ за него.

Белгиецот играше одлично во дресот на Челзи, но откако си замина од Лондон почнаа проблемите со повреди, а потоа и пад на формата, па не ги оправда очекувањата во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…