Дома Фудбал Азар: Не е вистина дека не сум среќен во Реал Мадрид

Азар: Не е вистина дека не сум среќен во Реал Мадрид

Белгискиот фудбалер Еден Азар истакна дека е среќен во Реал Мадрид и се надева дека во иднина ќе игра повеќе.

Повредите претставуваат проблем за Азар уште од кога дојде помеѓу „кралевите“ во 2019 година. Често Белгиецот беше мета на критики и во последните месеци се шпекулираше дека може да си замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не е вистина дека не сум среќен во Реал. Задоволен сум. Знаете дека секој играч е среќен кога игра. Не играв долго и не постигнував голови, но тоа не влијае на љубовта која ја чувстувам кон клубот. Ситуација се искомплицира поради коронавирусот, но среќен сум. Луѓето можат да мислат што сакаат, но јас знам дека можам. Кога ќе постигнувам голови и кога ќе се смеам ќе зборуваат дека сум среќен, но јас исто и сега сум среќен. Ми недостасуваат само повеќе натпревари“, изјави Азар.

Азар има договор со Реал Мадрид до 30. јуни. 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…