Дома Фудбал Англија Азар е мајстор, но штета е што нема со кој да игра

Азар е мајстор, но штета е што нема со кој да игра

Еден Азар е еден од најдобрите техничари во денешниот фудбал и некако се чини дека во Челси од своите соиграчи не добива адекватна поддршка.

Фантастичниот Белгијанец кога се разигра на теренот едноставно е незапирлив за своите чувари. Така беше на натпреварот против Ливерпул. Азар имаше свој момент на магија. На почетокот на второто полувреме, Белгијанецот 15. секунди се поигруваше со одбраната на Ливерпул и на крајот успеа да шутне од тешка позиција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интересно е да се види како ниту еден играч не му се понуди да помогне, освен Бакајоко чија улога во акцијата скоро беше и небитна. Во еден момент можеше да ја додаде топката до Фабрегас, но тој не покажа никаква амбиција.

Челси, посебно оваа сезона, често се ослонуваше на индивидуалниот квалитет на Еден Азар, кој можеби ги брои последните денови на Стемфорд Бриџ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уште во март го имаме добитникот на „Златната топка“ – и тоа фудбалер кој никој не го очекуваше!?

Највозбудливиот дел од календарската година во светот на фудбалот е секако борбата за најд…