Дома Фудбал Останато Адвокатот на Раиола: Мино е во тешка состојба, но не е починат

Адвокатот на Раиола: Мино е во тешка состојба, но не е починат

Откако сите релевантни медиуми ја објавија веста дека познатиот агент Мино Раиола починал, се огласија од неговата агенција.

Адвокатот на Раиола и негова десна рака Хосе Фортес изјави за јавност дека Мино се наоѓа во многу тешка ситуација, но не е мртов.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Тој е во многу тешка состојба, но не е мртов“, изјави Фортес, а истото го потврди и портпаролот на неговата менаџерска агенција.

Раиола неодамна беше примен во болница поради проблеми со здравјето, подоцна имаше информации дека состојбата е подобрена, но очигледно сега наеднаш се влошило.

Чудно е што сите релевантни медиумите во Италија како „Газета дело Спорт“, „Кориере дело Спорт“, „Скај Спорт“… објавија дека починал, а сега стигна демант.

Докторот од болницата исто така потврди дека Мино се бори за живот и е згрозен од веста која се појави во медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Џулијано Симеоне го продолжува договорот со Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми…