Дома Фудбал Англија Агуеро: Два чекори од Ван Дајк се колку мои 50!

Агуеро: Два чекори од Ван Дајк се колку мои 50!

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро призна дека многу тешко игра против дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Агуеро го нарече Ван Дајк „најдобриот дефанзивец во светот“ со кого имаше големи дуели во последните две години.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Сите знаеме дека Ван Дајк е еден од најдобрите дефанзивци во светот. Тој е силен, висок и многу е јак во дуелите еден на еден. Не изгледа брз, но бидејќи има долги нозе може да стигне насекаде. Негови два чекори се како мои 50“, истакна Агуеро.

„Тоа што најмногу ми се допаѓа во неговата игра е што е многу паметен. Не брзо, многу е внимателен и стрплив, тоа го прави исклучително тежок за сите напаѓачи. Јас сум брз и сакам да дриблам, па чекам противникот да тргне на мене, но тој не ме напаѓа и чека дригиот дефанзивец да му дојде на помош“, додаде Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …