Веќе е јасно дека Серхио Агуеро наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона.
Агуеро се сели во каталонскиот гигант како слободен играч откако му заврши договорот со Манчестер Сити и истиот нема да биде продолжен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека се е завршено и дека Агуеро ќе потпише со Барселона тогаш и кога претходно се најавуваше, по завршувањето на утрешното финале во кое Манчестер Сити ќе игра против Челзи.
Аргентинецот ќе биде првото официјално засилување за Барселона ова лето и само почеток на реконструкцијата која ја најави Лапорта кога се врати на чело на клубот.
Deal completed and pre-contract signed, Sergio Agüero will join Barcelona after the UCL final – verbal agreement already been reached one week ago. 🔵🔴🇦🇷 #FCB
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 28, 2021
More: Agüero will complete his medicals as new Barça player on Sunday as per @10josealvarez. ⏳ https://t.co/d4BGSRf64p