Дома Трансфер зона Агентот откри до кога Бејл ќе остане во Реал Мадрид

Агентот откри до кога Бејл ќе остане во Реал Мадрид

Веќе подолго време се шпекулира со заминување на Герет Бел од Реал Мадрид, а сега на таа тема повторно се огласи и агентот на Велшанецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бејл во секој преоден рок е во центарот на вниманието, а овој јануари англиските медиуми шпекулираа дека Велшанецот е блиску до враќање во Тотенхем.

Сега се огласи агентот, Барнет кој ги разреши сите дилеми и откри до кога Бејл ќе остане во Реал Мадрид.

„Не можете да зборувате за работи кои не ги познавате. Мал број на клубови можат да си дозволат борба за потписот на Герет Бејл. Тој има супер живот во Мадрид, на кој се навикна. Не е се во парите, мора да мисли и на семејството“.

„Нема да се врати во Тотенхем, тој трансфер е измислен. Тој ќе го одработи договорот до крај во Реал, а потоа ќе одлучува што понатаму“, изјави агентот на Велшанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…