Дома Фудбал Останато Агентот на Ракитиќ ја откри судбината на играчот и стави крај на сите шпекулации

Агентот на Ракитиќ ја откри судбината на играчот и стави крај на сите шпекулации

Шпанските медиуми сметаат дека Ракитиќ е блиску до заминвуање од Барселона.

Ракитиќ неодамна се поврзуваше со заминување во ПСЖ, но според поселдните информации многу поблиску е кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А. Каталонскиот „Спорт“ во саботата објави дека Ракитиќ има понуда од Интер во кој би можел да се пресели на крајот од сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, Интер подготвил богата понуда за хрватскиот играч, но сега се огласи неговиот агент, Артуро Канелас кој беше јасен.

„Ракитиќ ова лето да ја напушти Барселона? Тоа е невозможно сценарио“, изјави Канелас.

Хрватскиот играч има договор со Барса до летото 2021. година. Оваа сезона од 26 натпревари пропушти само две, а од него во голема мера зависи играта на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легенда го советува Јамал: Не игра веќе за Шпанија!

Поранешниот играч од Ла Лига, Мохамед Сисоко (41), го советува шпанскиот тинејџер Ламин Ја…