Дома Трансфер зона Агентот на Бејл се огласи за можното враќање во Тотенхем

Агентот на Бејл се огласи за можното враќање во Тотенхем

Мадридскиот весник „Марка“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Реал Мадрид и Тотенхем почнале преговори за трансфер на Герет Бејл.

Реал Мадрид јавно му соопшти на Бејл дека нема да смета на него наредната сезона, но Велшанецот не сака да се откаже ниту од цент од својата голема плата, па одбива да си замине.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Марка“ тврди дека Тотенхем стапил во контакт со Реал Мадрид и е спремен да плати 60 милиони евра за потпсисот на Велшанецот (ОВДЕ).

Сега на оваа тема се огласи и агентот на Бејл, Џонатан Барнет, кој кратко изјави.

„Никогаш не коментирам глупости“.

Со тоа агентот на Бејл јасно стави до знаење дека Велшанецот нема намера да си замине од Реал ова лето, иако не е во плановите на тренерот Зидан.

Бејл е еден од играчите кои Реал сака да ги продаде ова лето, а играчот моментално е на припреми со остатокот од тимот во Монтреал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…