Дома Трансфер зона Агентот на Бејл: Невозможно е да си замине од Реал ова лето!

Агентот на Бејл: Невозможно е да си замине од Реал ова лето!

Агентот на Герет Бејл беше категоричен дека неговиот клиент не може да го напушти Реал Мадрид ова лето.

Реал Мадрид јавно му соопшти на Бејл дека нема да смета на него наредната сезона, но Велшанецот не сака да се откаже ниту од цент од својата голема плата, па одбива да си замине.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последниве денови, има информации дека Велшанецот може да се пресели во Баерн Минхен како позајмен фудбалер, но агентот категочно ги негираше таквите тврдења.

„Тоа едноставно не може да се случи. Јас не мислем дека Бејл сака да оди некаде на позајмица. Тој има прекрасен живот и дом во Шпанија. Мислам дека ќе го чини многу да замине, а за позајмица воопшто не размислува“, изјави Џонатан Барнет.

https://youtu.be/pEkJZOEG784

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…