Дома Трансфер зона Агентот на Бејл за трансферот: Тоа е смешно!

Агентот на Бејл за трансферот: Тоа е смешно!

Агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет истакна дека се смешни тврдењата дека Велшанецот може да го напушти Реал Мадрид на позајмица.

Бејл во Мадрид нема најдобар однос со навивачите и тренерот, и не добива голема минутажа оваа сезона, па медиумите шпекулираа дека може да замина на позајмица.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, неговиот агент категирично ги демантираше таквите тврдења и ги окарактеризира како смешни.

„Зошто еден од најдобрите играчи на светот да оди на позајмица? Тоа е смешно. Герет е играч на Реал Мадрид и има уште две години од договорот. Среќен е во Мадрид и се надева да освои што повеќе трофеи со Реал“, изјави Барнет.

„Работите можат да се променат. Сепак, малку се клубовите кои можат да си го дозволат Герет. Сепак, сториите за позајмица се смешни“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…