Дома Фудбал Италија Агентот: Лукаку е среќен во Интер, но сака регуларно да добива плата

Агентот: Лукаку е среќен во Интер, но сака регуларно да добива плата

Агентот на Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело денес имаше средба со раководството на Интер.

„Нероаѕурите“ имаат големи финансиски проблеми и минатата сезона по неколку месеци им ги доцнеа платите на играчите. Притоа на крајот на сезоната побараа од фудбалерите да прифатат намалување на платите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лукаку неодамна изјави дека е среќен во Интер, а тоа денес го потврди и неговиот агент. Меѓутоа, Пасторело напомена дека играчот сака регуларно да ја добива платата или во спротивно ќе разгледа други понуди.

„Лукаку е среќен во Интер. Имаме договор и нема проблем. Меѓутоа, Ромелу сака регуларно да ја добива својата плата. Во спротивно ќе бидеме приморани да ги разгледаме другите понуди“, изјави Пасторело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…