Дома Трансфер зона Агентот: Караско ќе игра во Серија А!

Агентот: Караско ќе игра во Серија А!

Агентот на белгискиот репрезентативец Јаник Караско изјави дека неговиот клиент наскоро ќе игра во италијанската Серија А.

Караско минатата година иако беше мета на многу европски гиганти, направи изненадувачки потег и се пресели во Кина, каде настапува во дресот на Јифанг.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на 25-годишниот Белгиец откри дека тогаш имал понуда и од Наполи, па најави дека наскоро би можел да се пресели во Италија.

„Вистина е, Наполи го сакаше Караско и испрати конкретна понуда, но на крај тој избра да се пресели во Кина. Сепак, јас сум убеден дека Јаник наскоро ќе игра во Серија А“, изјави агентот.

„Ова не се само зборови кои се базираат само на верување, имам конкретни факти дека Караско во иднина ќе игра во Италија. Не е само Наполи и други клубови од Серија А го сакаат мојот клиент“, додаде агентот на Белгиецот.

Караско одигра одлично и на Светското првенство, но сепак ова лето не се врати во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…