Дома Трансфер зона Агентите пристигнуваат во Лондон, Жесус на чекор од Арсенал

Агентите пристигнуваат во Лондон, Жесус на чекор од Арсенал

Арсенал е блиску до реализација на трансферот на напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, пренесуваат медиумите на Островот.

Жесус ова лето сигурно го напушта Манчестер Сити, а Арсенал покажа најсилен интерес за Бразилецот. „Топџиите“ првично испратија понуда од 35 милони фунти која експресно беше одбиена.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Агентите на Бразилецот треба да пристигнат во Лондон оваа недела за да ги забрзаат преговорите со Арсенал, објави „Дејли Меил“.

Манчестер Сити инсистира да добие 50 милиони за слободата, но преговорите брзо напредуваат и медиумите тврдат дека двата клуба наскоро ќе го договорат трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…