Eрлинг Халанд констатно е една од главните теми во европскиот и светскиот фудбал.
Норвежанецот е мета на бројни европски клубови, меѓутоа неговиот сегашен клуб, Борусија Дортмунд сака да го задржи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дел од островските и германските медиуми, меѓу кои е и „Билд“ пренесуваат дека првиот чвоек на Челзи Роман Абрамович е спремен да понуди сума од 175 милиони евра за одличниот напаѓач.
Според информациите, Челзи тој износ ќе го понуди на почетокот на наредната недела, а се верува дека тоа е сумата која ќе ги задоволи апетите на Борусија.
Покрај Челзи, Халанд беше мета уште на Реал, ПСЖ, Манчестер Сити, се споменуваше и Барселона со која се пишуваше дека има преговори помеѓу менаџерот, клубот и таткото на фудбалерот. Меѓутоа сега изгледа како Каталонците да се „оладија“.
Абрамович повлече потег и ќе го почекаме крајот на јули за да видиме дали од овие најави ќе има и нешто конкретно.