Дома Останати Џошуа се враќа во рингот, познато кога и против кого

Џошуа се враќа во рингот, познато кога и против кого


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Британскиот боксер Ентони Џошуа, поранешен светски шампион во тешка категорија, ќе се врати во професионалниот ринг следната пролет, тврдат повеќе релевантни извори. Противник на 33-годишникот ќе биде Американецот Џермејн Френклин.

Настанот на кој поранешниот олимписки шампион ќе им се врати на натпреварите ќе биде организиран на први април во лондонската „О2 арена“.

Во претходните два меча Џошуа беше поразен од Украинецот Александар Усик, а промотерите се обидоа да му најдат ривал против кој ќе биде голем фаворит, за да се врати на победничките патеки и да си ја врати разнишаната самодоверба.

Се чини дека им успеа бидејќи противник ќе му биде Американецот Џермејн Френклин (22-1), кој на претходниот меч ја „игра истата улога“ против уште една британска ѕвезда – Дилијан Вајт.

Во ноември, Вајт го победи Френклин со мнозинска одлука, исто така во Лондон, но 29-годишниот боксер од Мичиген покажа дека го има она што е потребно за да ги спречи најголемите ѕвезди во тешка категорија.

Во последните пет меча Џошуа беше трипати поразен, а досега во професионалната кариера има биланс од 24 победи (22 КО) и 3 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Челзи не се откажува од Леао

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Челзи во зимскиот пр…