Дома Фудбал Останато Џордан заработи богатство од трансферот на Меси

Џордан заработи богатство од трансферот на Меси

Лионел Меси пред неколку дена официјално беше претставен како ново засилување на ПСЖ, а од тој трансфер се „офајди“ и Мајкл Џордан.

Поради тешката финансиска состојба Барселона не можеше да го регистрира Меси за новата сезона, иако тој прифати да игра за помала плата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Меси потоа потпиша двегодишен договор со ПСЖ и го доби бројот 30, а очекувано неговиот дрес направи „бум“ на пазарот и се продава во рекорден број.

Поради тоа голем приход имаше и легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, кој доби неверојатни шест милиони евра.

Шпанска „Марка“ објави дека Џордан во договорот со ПСЖ има процент од заработката, а досега парижаните заработија 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…