Како што сега стојат работите босанскиот напаѓач Един Џеко ќе ја промени средината на крајот од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
36-годишниот напаѓач игра одлично оваа сезона, но неговиот договор со „нероаѕурите“ истекува на лето.
Интер наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката, но Босанецот има богата понуда од Саудиска Арабија.
Џеко треба да одлучи дали сака да остане во Европа уште една година и да игра врвен фудбал, или да се одлучи на трансфер кој ќе му донесе финансиски придобивки.
Клубовите од Саудиска Арабија се спремни да вложат многу пари и да донесат големи ѕвезди, па наскоро се очекува да пристигне и Кристиано Роналдо.