Дома Трансфер зона Ќе се „фрлат“ ли гигантите во „лов“ – Откупната клазула на Ѕвездата на Наполи е вистинска „ситница“!

Ќе се „фрлат“ ли гигантите во „лов“ – Откупната клазула на Ѕвездата на Наполи е вистинска „ситница“!

mertens

Во последната година најдобар фудбалер на тимот на Наполи секако е Дрис Мартенс кој игра фантастично откако Сари го прекомандува на позицијата централен напаѓач.

Мартенс минатата сезона беше најдобриот стрелец во италијанската Серија А, а оваа сезона веќе постигна десет погодоци и се наоѓа во одлична форма. Тој неодамна го продолжи договорот со Наполи до летото 2020 година, но во неговиот договор постои откупна клазула од „само“ 30 милиони евра.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Секако, причина за таквата откупна клазула се годините на Мартенс кој наредната година ќе наполни 31. Еден од клубовите кои покажуваше интерес за Белгиецот е Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне е навистина голем фан на играта на овој фудбалер и би сакал да го види во своите редови, а откупната клазула од 30 милиони евра, не би требала да претставува проблем за Атлетико.

Да потсетиме, Атлетико не е единствениот клуб кој покажуваше интерес за Мертенес, претходно интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Енрике нема трпение: ПСЖ ја продава ѕвездата од 95 милиони евра?

Француските медиуми пред неколку дена пишуваа за ситуациите на Осман Дембеле и Џанлуиџи До…