Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е спремен од Барселона да го „украде“ талентираниот фудбалерот кој многумина ги потсетува на Марко Асенсио.
На повидок е нова „војна“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона околу талентот на кој многумина му предвидуваат голема кариера. Се работи за Хозе Арнаиз кој ова лето пристигна во Барселона од редовите на Ваљадолид за сума од 3.4 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арнаиз доби повик од Валверде и ќе има прилика да дебитира за сениорскиот тим на Каталонците веќе во натпреварот од шпанскиот куп кој Барселона ќе го игра против Мурсија.
Овој фудбалер со Барселона потпиша договор на три години со можност за продолжување на уште една, а во првите три неговата откупна клазула изнесува 20 милиои евра, додека во наредните две ќе порасне на 40.
Овие 20 милиони евра за Реал и не се некоја голема препрека. Можеби повикот од Валверде е обид Барселона да го убеди Арнаиз да не размислува за заминување, посебно не во Реал Мадрид.