Дома Фудбал Лига на шампиони ЌЕ ИМА МНОГУ ПРОМЕНИ: Со кои состави ќе истрчаат Реал и Баерн вечерва?

ЌЕ ИМА МНОГУ ПРОМЕНИ: Со кои состави ќе истрчаат Реал и Баерн вечерва?

Вечерва на „Сантиаго Бернабеу“силите ќе ги одмерат европските гиганти Реал Мадрид и Баерн Минхен, дуел кој ќе го одреди првиот патник во финалето од Лигата на шампиони.

Кога станува збор за составите кои вечерва се очекуваат на култниот мадридски стадион, сигурно дека ќе има многу промени во однос на првиот дуел. Особено тоа се однесува на Баерн, бидејќи Хејнкес поради повреди не може да смета на неколку првотимци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кај Баерн Минхен сигурно ќе отсуствувааат Арјен Робен и Боатенг, кои се поведија на првиот дуел во Минхен. Добра вест за Хејнкес е враќањето на Давид Алаба кој ќе биде стартер на левата бековска позиција.

Зинедин Зидан нема да може да смета на повредените Иско и Карвахал, па се очекува на нивните места во стартниот тим да бидат Начо и Асенсио.

Веројатни состави:

Реал Мадрид: Навас – Начо, Варан, Рамос, Марсело – Каземиро, Модрич, Крос – Васкез, Асенсио, Роналдо.

Баерн Минхен: Улрих – Кимих, Суле, Хумелс, Алаба – Мартинез, Алкантара – Хамес, Милер, Рибери – Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мајсторот секогаш останува мајстор: Бензема со хет-трик на дебито во новиот клуб за 64 минути (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Хилал го разбија тимот на Ал Окоход со 6:0 на гостински терен и ја зачув…