Дома Трансфер зона Њукасл и Јувентус најмногу потрошија на трансфер пазарот

Њукасл и Јувентус најмногу потрошија на трансфер пазарот

Њукасл и Јувентус се клубовите кои потрошија најмногу пари во зимскиот преоден рок, кој заврши вчера, пренесува „Трансфермаркет“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Њукасл, кој го има најбогатиот сопственик, во јануари потроши повеќе од 100 милиони евра и донесе неколку нови фудбалери – Бруно Гимараеш, Киран Трипие, Дан Брн, Мат Таргет и Крис Вуд (102,1 милион евра).

Јувентус е на второто место со потрошени 97,7 милиони евра. „Старата дама“ го направи најскапиот зимен трансфер откако се согласи за Влаховиќ да плати 80 милиони евра со вклучени бонуси.

„Бјанконерите“ го донесоа уште Денис Закарија од Борусија Мехенгладбах како и дефанзивецот на Фросиноне, Федерико Гати.

Барселона е на третото место со потрошени 55 милиони евра за трансфери. Каталонците се засилија со Феран Торес и Адама Траоре, а Обамејанг пристигна како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…