Дома Фудбал Јунињо слави 50-ти роденден: Да се потсетиме на мајсториите на најдобриот изведувач на слободни удари во историјата (Видео).

Јунињо слави 50-ти роденден: Да се потсетиме на мајсториите на најдобриот изведувач на слободни удари во историјата (Видео).

Антônio Аугусто Рибeиро Реис Јуниор, познат како Јунињо, денес го слави својот 50-ти роденден. Без сомнение, се работи за најдобриот изведувач на слободни удари во историјата, а неговите голови и ден-денес се раскажуваат.

Јунињо за време на својата кариера, која траеше од 1993 до 2013 година, постигна дури 77 голови од слободни удари, што е светски рекорд.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Бразилскиот ас за време на својата кариера играше за Спорт Ресифи, Васко да Гама, Лион, Ал-Гарафа и Њујорк Ред Булс и беше вистински кошмар за сите противнички голмани.

На 517 натпревари во клубовите постигна 133 гола, од кои 74 од слободни удари, додека три од шесте гола на 40 натпревари за Бразил постигна од прекини.

За разлика од, на пример, Дејвид Бекам или Роналдињо, Јунињо беше исклучително опасен кога шутираше слободни удари од големи растојанија, и така постигнуваше гол дури четири пати од 40 и повеќе метри – против Ајачио 2006, Барселона 2007, Ница 2008, и Марсеј 2009 година.

Тоа му успеваше поради стилот со кој шутираше топката. Јунињо го патентираше до совршенство “knuckleball” начин на изведба на слободни удари по кој топката лелее во воздух и нејзината крајна дестинација е непредвидлива, што голманите имаа многу проблеми да ја сочуваат својата мрежа.

Неговиот стил подоцна го копираа Кристијано Роналдо, Андреа Пирло и Герет Бејл, но никој не успеа да го надмине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Иван Перишиќ одигра 70 минути во убедливата победа на ПСВ во гости кај АЗ (1:5), но натпре…