Манчестер Јунајтед го промовираше најголемото зимско засилување, а станува збор за левиот бек Патрик Доргу.
Данскиот дефанзивец пристигнува од италијанскиот Лече за 30 милиони евра плус 7 милиони во име на бонуси.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Со нетрпение очекувам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за тимот и иднината на клубот ме возбудува. Тој има јасен план за развој, а чувствувам дека Манчестер Јунајтед е вистинското место за мене да го остварам својот потенцијал и да ги достигнам своите амбиции“, изјави Доргу.
Тој потпиша договор до 2030 година, со можност за продолжување за уште една сезона.