Дома Топ вести Јунајтед пред договор со ОГРОМНО засилување – Главниот „виновник“ е Жозе Мурињо!

Јунајтед пред договор со ОГРОМНО засилување – Главниот „виновник“ е Жозе Мурињо!

Како што пренесува новинарот на „Ел Конфиденсијал“, Кике Марин, Месут Озил е на чекор од постигнување договор со Манчестер Јунајтед, каде што би можел да се пресели после три месеци.

Германецот влегува во последната година од договорот, што значи дека од први јануари има слобода да потпише пред договор со својот нареден клуб, а тоа би можел да биде Манчестер Јунајтед.

Озил беше миленик на Португалецот во Реал Мадрид, да тоа беше пред пет години, но ако успеа да го врати во старата форма „црвените ѓаволи“ би добиле огромно засилување и тоа без оштета.

Озил во последните недели е на удар на критичарите поради слабата форма и лошите настапи за Реал Мадрид, а во овие моменти поради полесна повреда е надвор од тимот.

Да потсетиме, Озил под водство на Мурињо стана најдобрата „десетка“ во светот, заедно освоија три трофеи, а сега после пет години повторно би можеле да соработуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…