Манчестер Јунајтед веќе работи на привлекување на првиот играч од Ајакс, кој е голема желба на тренерот Ерик тен Хаг.




Станува збор за 20-годишниот дефанзивец Јуриен Тимбер, чија цена се проценува на околу 35 милиони фунти.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тимбер оваа сезона одигра 43 меча и се промовираше во еден од најголемите таленти во Европа, а Тен Хаг сака да го донесе на „Олд Трафорд“.




Неговата поливалентност е еден од основните квалитети бидејќи талентот може да игра на повеќе позиции во одбраната, како стопер и како десен бек.




Тен Хаг смета дека има огромен потенцијал и дека може да биде столб на одбраната во наредната деценија.




„Телеграф“ пренесува дека Манчестер Јунајтед започнал преговори со Ајакс и дека првата понуда била тешка 25 милиони фунти.