Дома Трансфер зона Јуве не се откажува, доведува засилување од Барселона?

Јуве не се откажува, доведува засилување од Барселона?

Барса летото 2016. година го доведе пред носот на Јуве, кој сега би сакал да ја исправи грешката.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јуве повторно е заинтересиран во своите редови да го доведе португалскиот репрезентативец, Андре Гомеш. „Старата дама“ играчот на Барса се обиде да го доведе и во 2016. година, но Барса беше побрза, па Гомеш од Валенсија се пресели на „Камп Ноу“. Сепак, таму не се снајде, па во Јуве година и половина подоцна би можел да ја исполни својата желба.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Управата на италијанскиот шампион се надева дека ќе ја убеди Барса да го пушти Португалецот во јануари, а се верува дека Гомеш би можел да се пресели во Торино и за малку пари, поради тоа што Гомеш не е во првите планови на Валверде.

Сепак, Јуве нема да има така лесна работа, бидејќи како што пишваат италијанските медиуми за потписот на Андре Гомеш ги чека голема конкуренција од еден од најголемите клубови во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Екс-дефанзивец на Челзи му порача на Палмер: Оди во Барселона!

Кол Палмер е еден од најважните фудбалери на Челзи, така беше минатата сезона, така е и со…