Дома Трансфер зона Јувентус ја доби битката за најголемиот аргентински талент

Јувентус ја доби битката за најголемиот аргентински талент

Јувентус во јануари сака во своите редови да го донесе младиот аргентински играч Матијас Суле.

Овој 16-годишен фудбалер моментално е член на академијата Велез и со својот неверојатен талент го привлече вниманието на фудбалската јавност. Суле се најде на мета на многу клубови, а прв конкретен чекор направи Јувентус.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јуве веќе поднел барање до ФИФА во јануари да го донесе Суле за кој многумина велат дека е наследникот на Ди Марија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека овој тинејџер веќе одлучил да премине во Јувентус и дека неговата мајка веќе бара куќа во Торино. Трансферот на Суле би требало да биде реализиран на почетокот од јануари, а ќе биде дел од јуниорската екипа на Старата дама.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…