Дома Трансфер зона Јувентус се предомисли – не го дава Алекс Сандро

Јувентус се предомисли – не го дава Алекс Сандро

Алекс Сандро веќе две години е на излезна врата од Јувентус, но последните информации од Апенините говорат дека Бразилецот сепак ќе остане во „црно-белиот“ дрес.

„Старата дама“ минатото лето одолеа на богатите понуди и го задржа Алекс Сандро во своите редови, но медиумите тврдеа дека Бразилецот сигурно ќе биде продаден ова лето.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За него интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои се спремни да платат 60 милиони евра, но „бјанконерите“ сакаат да го задржат по секоја цена.

Имено, Јувентус ќе му понуди нов, побогат договор до 2023 година и веќе следната недела има закажано средба со неговиот агент.

Бразилецот има понуда од Манчестер Јунајтед, но „бјанонерите“ се спремни да му ја понудат истата сума, односно 5,5 милиони евта по сезона за да го задржат во своите редови.

Италијанските медиуми тврдат дека Алекс Сандро во овој момент е многу поблиску до останување, отколку до излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…