Италијанскиот шампион Јувентус може да му зададе нов удар на Наполи и да му го „украде“ Дрис Мертенс, пренесуваат италијанските медиуми.
Договорот на Белгиецот со Наполи истекува на крајот на сезоната и многу веројатно е дека нема да потпише нов поради заладените односи со клупското раководство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За неговите услуги досега интерес прокажаа Борусија Дортмунд, Рома и Интер, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Јувентус.
Мертенс е втор најдобар стрелец во историјата на Наполи и е во одлични односи со својот поранешен тренер Маурицио Сари, кој сега е на кормилото на Јувентус.
Сари смета дека Мертенс би можел да биде големо засилување за неговиот тим бидејќи може да игра како крилен, но и како централен напаѓач.