Младиот дефанзивец на Тулус, Жан Клер Тобидо би можел да биде ново засилување на Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Тобидо има 18 години и важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа, па за него интерес покажуваат голем број на европски гиганти.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Дефанзивецот се уште нема потпишано професионален договор со Тулус, па може да замине без обештетување на крајот на сезоната.
Тоа го прави интересен овој фудбалер за многу клубови, но италијанските медиуми тврдат дека Јувентус победил во траката за неговиот потпис.