Дома Фудбал Италија Јувентус пресече: Премиерлигашите остануваат со „поткусени ракави“

Јувентус пресече: Премиерлигашите остануваат со „поткусени ракави“

Како што пренесува добро информираниот новинар Романо, „Старата дама“ нема да дозволи нивниот фудбалер оваа зима да ја промени средината.

Одлуката е донесена, Алекс Сандро до крајот на сезоната дефинитивно ќе остане во редовите на Јувентус.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Бразилецот оваа сезона не е во препознатлива форма, откако Јувентус изминатото лето одби големи понуди од Челзи и Сити за неговите услуги игра непрепознатливо, па се шпекулираше дека би можел да го напушти клубот оваа зима.

Челзи како што се наведува се уште е заинтересиран, се споменуваше интересот и на Манчестер Јунајтед, а богатиот Сити секако не треба да се отпише.

Сепак, Јувентус не планира да го пушти да замине, барем не во овој преоден рок.

Следното лето, сепак би можел да замине, неговите претставници се договорија Сандро да остане во Торино, но Јувентус да му дозволи следното лето да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул со јасна порака до Барселона: Кога Бруно вреди 100 милиони евра, тогаш толку вреди и Дијаз!

На релацијата меѓу Луис Дијаз и Барселона се појавија најнови вести – спортскиот директор …