Спортскиот директор на Јувентус, Федерико Черубини откри дека Донарума воопшто не бил трансфер цел на „старата дама“.
Донарума ова лето го напушти Милан како слободен агент и медиумите шпекулираа дека е блиску до трансфер во Јувентус, но на крајот заврши во ПСЖ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не го ангажиравме бидејќи веќе имаме одличен голман со долг договор. Ние веруваме во квалитетите на Шчешни и сметаме дека е идеален за нас во овој момент. Немаше смисла да го направиме тоа што го направи ПСЖ и во исто време да имаме двајца врвни голмани“, изјави Черубини.
Донарума во ПСЖ ќе се бори за местото со Кејлор Навас, кој во првите натпревари оваа сезона е прв избор кај Покетино.