Дома Трансфер зона Јувентус не запира со трансферите – тргнува по Годин

Јувентус не запира со трансферите – тргнува по Годин

Јувентус вчера го договори трансферот на Кристиано Роналдо, но раководството на „старата дама“ веќе работи на нови засилувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанкнерите“ се силно заинтересирани за дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Диего Годин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Старата дама“ е во напредни преговори со Челзи за продажба на Даниеле Ругани, па веќе ја почна потрагата по негова замена.

32-годишниот Уругваец има договор со Атлетико Мадрид на уште една година и се уште не постигнал договор за продолжување на соработката со „јорганџиите“, па Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.

„Бјанконерите“ се во потрага и по лев бек кој ќе биде алтернатива за Алекс Сандро и веќе започнале преговори со Баерн Минхен за трансфер на Хуан Бернарт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…