Дома Трансфер зона Јувентус му носи партнер на Влаховиќ

Јувентус му носи партнер на Влаховиќ

Јувентус во јануари го донесе Душан Влаховиќ, но на лето сака да донесе уште еден напаѓач кој ќе може да биде партнер на Србинот.

Мората најверојатно нема да биде откупен, иднината на Дибала е неизвесна, па „бјанконерите“ ја започнаа потрагата по нов напаѓач.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На врвот на листата желби е Александре Лаказет, кој на крајот на годината ќе го  напушти Арсенал како слободен агент.

Договорот на Лаказет истекува на крајот на сезоната, па Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го донесе без обештетување.

Наводно Французинот е спремен да прифати помала плата за да се пресели во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…