Италијанските медиуми пренесуваат дека братот и агент на Пауло Дибала имал таен состанок со раководството на Пари Сент Жермен.
Меѓутоа, „старата дама“ дознала за средбата, па медиумите тврдат дека тоа е причината за ладниот однос помеѓу Алегри и Дибала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните месеци се повеќе се зборува за незадоволството на талентираниот Аргентинец во Јувентус, а се чини дека после ваквиот потег целосно се нарушени односите помеѓу Дибала и италијанскиот шампион.
Ова не е прв пат клучните играчи на „старата дама“ да влезат во расправија со раководството и тренерот, а потоа изненадно да бидат продадени по завршување на сезоната.
Минатата година тоа се случи со Бонучи кој направи шокантен трансфер во Милан, а медиумите на Апенините се сигурно дека истата судбина ќе ја доживее и Пауло Дибала.