Дома Фудбал Италија Јувентус и Барселона спремаат уште една спектакуларна трампа

Јувентус и Барселона спремаат уште една спектакуларна трампа

Јувентус и Барселона ова лето успешно соработуваа околу размена на играчи во кои беа вклучени Пјаниќ и Артур.

Пјаниќ одлучи кариерата да ја продолжи во каталонскиот клуб, додека во спротивен правец замина Артур. Овој трансфер беше завршен пред месец дена, а играчите набрзо ќе се приклучат на новите екипи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Но, италијанските медиуми пишуваат дека Јуве и Барса спремаат нова трампа. Наводно, на повидок е размена на играчи кои овој пат ги предложува Старата дама.

Калчомеркато објави дека Јувентус е подготвен да го испрати Дибала во Барселона, а во замена за него да го добие Гризман кој го гледаат како одличен избор на позицијата напаѓач.

Гризман пред година дена од Атлетико Мадрид дојде во Барса за 120 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Наводно, Барса го ставила на трансфер листа, а тоа сака да го искористи Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одлука која ќе предизвика бура – За Валверде само еден натпревар суспензија!?

Иако на почетокот на неделата се чинеше дека Федерико Валверде ќе добие суспензија од два …