Дома Фудбал Италија Јувентус има нов капитен – Џорџо Киелини

Јувентус има нов капитен – Џорџо Киелини

Јувентус по заминувањето на Џанлуиџи Буфон ќе добие и нов капитен.

Џанлуиџи Буфон денес објави дека во сабота го игра последниот натпревар во дресот на Јувентус, покрај тоа тој истакна и дека се повлекува од репрезентацијата на Италија со цел да им даде шанса на помладите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со неговото заминување веднаш се постави и прашањето за идниот капитен на Јувентус, а таа функција за навивачите на Јувентус и очекувано ќе ја извршува Џорџо Киелини.

„Џорџо перфектно се вклопува во улогата нов капитен на Јувентус“, изјави и самиот Буфон на денешната прес-конференција.

Ваквата одлука можеше и да се очекува со оглед на тоа што досега Киелини беше втор избор за капитенската летна

Буфон член на Јувентус беше цели 17 години, а клубот по неговата објава му се заблагодари со емотивно видео.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Првиот човек на ФФМ стана член на една од најважните комисии во УЕФА!

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби ново високо при…