Дома Трансфер зона Јувентус го сака поранешниот играч на Милан

Јувентус го сака поранешниот играч на Милан

Бразилскиот репрезентативец Лука Пакета на лето би можел да се врати во Серија А, после кратката епизода која ја имаше во Милан.

Пакета блесна во дресот на Лион и ова лето направи трансфер во Вест Хем за 50 милиони евра.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Меѓутоа, Бразилецот се вклопи во сивилото на „чеканите“ кои имаат лоша сезона и се борат за опстанок во Премиер лигата.

Поради тоа сака да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Јувентус, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Тренерот Алегри е голем симпатизер на неговите квалитети, а „бјанконерите“ се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо ново, скапото засилување на Челзи сака да си оди

Челзи веќе неколку трансфер периоди по ред троши огромни средства за скапи засилувања, но …