Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павард би можел кариерата да ја продолжи во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.




Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според информациите, Јувентус будно ја следи ситуацијата околу дефанзивецот и е спремен да испрати понуда во зимскиот преоден рок.




Јувентус сака да ја засили одбраната, а Алегри верува дека Павард одлично ќе се вклопи во тимот бидејќи може да игра како десен бек, но и како стопер.




Баерн е спремен да го пушти и за неговата слобода бара 30 милиони евра.
#Juve, #Pavard è un obbligo: le ultime https://t.co/Ss2VPyrK71
— calciomercato.com (@cmdotcom) September 20, 2022