Дома Трансфер зона Јувентус во „пакет“ купува двајца фудбалери на Барселона?

Јувентус во „пакет“ купува двајца фудбалери на Барселона?

Италијаните би можеле да се засилат со двајца фудбалери од Барселона.

Јувентус во текот на летото доведе неколку навистина одлични засилувања, а веќе во јануари во Торино би можеле да пристигнат уште некои засилувања.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Конкуренцијата во Италија оваа година е посилна од минатите години во трката за титулата се, Наполи, Рома и Интер.

Управата на „старата дама“ е свесна за тоа и имаат намера да ја нападнат Лигата на шампионите, а на мета на клубот од Торино сега двоецот од Барса.

Имено, на листата желби на „бјанконерите“ се Серхио Роберто и Андре Гомеш, двата фудбалери кои не се во прв план кај Ернесто Валверде.

Договорот на Роберто со Барселона истекува летото 2019 година и има откупна клазула од 40 милиони евра.

Кога во прашање е Гомеш, јасно е дека за него нема место на „Ноу Камп“, Барса пред една година го доведе за околу 55 милиони евра, но Португалецот не ги исполни очекувањата

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…