Главни трансфер желби на новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари се двајцата фудбалери на Јувентус, Даниеле Ругани и Гонзало Игуаин.
Двата клуба веќе ги започнаа преговорите, а италијанските медиуми пренесуваат дека Роман Абрамович лично допатувал во Милано да се сретне со челниците на „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бјанконерите“ за двајцата фудбалери бараат 100 милиони евра, од кои 60 за Игуаин и 40 милиони за Ругани.
Преговорите за Ругани се во наредна фаза и најверојатно ќе бидат завршени до крајот на неделата, додека за Игуаин сигурно ќе потраат подолго.
Челзи е спремен да ја плати споменатата сума, а доколку трансферите се реализираат тоа значи дека „сините“ сигурно ќе се ослободат од Кејхил и Алваро Мората.