Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ на Божиќ испиша историја, па испрати честитка на српски! 🎥

Јокиќ на Божиќ испиша историја, па испрати честитка на српски! 🎥


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одново испиша историја во НБА лигата, а во последниот натпревар против Кливленд го предводеше својот тим до победа со 121:108.

Јокиќ одигра одличен натпревар во кој запиша трипл-дабл од 28 поени, 15 поени и 10 асистенции со што стана четврти кошаркар во историјата на НБА кој шест различни сезони стигнувал до 10 или повеќе трипл-дабл учиноци.

Претходно тоа им успеваше на Вестбрук, Робертсон и Меџик Џонсон.

На паркетот му помагаше, Џамал Мареј со 18 постигнати поени, а на спротивната страна Лаверт беше најефикасниот со 22 поени.

Интересен момент Јокиќ имаше и по натпреварот кога во разговорот со новинарката го честиташе Божиќ на српски.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Портланд 108-99

Филалдефија – Чикаго 112-126

Њу Орлеанс – Бруклин 102-108

Торонто – Њујорк 108-112

Милвоки – Шарлот 109-138

Сан Антонио – Детроит 121-109

Денвер – Кливленд 121-108

Минесота – Клиперс 128-115

Лејкерс – Атланта 130-114

Финикс – Мајами 96-104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Сити може да виде исфрлен во четврта лига

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Премиер лигата го об…