Никола Јокиќ и во изминатата вечер беше одличен водејќи го тимот до победа против Њу Орлеанс од 134:116.
Српскиот центар мечот го заврши со трипл-дабл кој беше негов 108, Јокиќ уфрли 35 поени, 14 скока и 12 асистенции. На вечната листа во овој поредок ги прескокан Леброн Џејмс и Џејсон Кид. Пред Јокиќ сега се само Меџик Џонсон, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно беше и на прес-конференцијата по натпреварот на која Јокиќ направи свое мало шоу.
Јокиќ не дозволи новинарите да му поставуваат прашања, излезе и кратко искоментира:
„Знам што ќе ме прашате, па одма да почнеме“, се обрати Јокиќ и даде анализа на натпреварот, по што ја напушти прес-конференцијата.
“Actually I can just talk because I know what you’re going to ask.”
— AltitudeTV (@AltitudeTV) November 7, 2023
Jokic running his own press conference 😂 https://t.co/yHlsWg92my pic.twitter.com/8erCNoc3YB