Tимот на Денвер дојде на само една победа од титулата во НБА лигата откако минатата вечер славеше со 95:108 и поведе со 3:1 во финалето од плеј-офот, па сега потребен им е само еден триумф.
Повторно важна улога имаа Никола Јокиќ и Џамал Мареј, но добија и поддршка од Арон Гордон и Брус Браун кои беа тука да реализираат во клучни моменти. Двајцата постигнаа по дури 27, одоносно 21 поен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јокиќ имаше најслаб ефект во споредба со досегашните натпревари во финалето и мечот го заврши со 23 поени, 12 скокови и 4 асистенции, Мареј имаше слаба реализација, но запиша дабл-дабл од 15 поени и 12 асистенции.
На почетокот на четвртата четвртина Јокиќ мнораше да остане на клупата поради петте лични грешки, домаќините дојдоа до минус пет, меѓутоа Денвер успеа да се извелече со помошта играчите од клупата и на крајот да слави за водство.
Најефикасни на спротивната страна беа Батлер со 25 и Адебајо со 20 поени.