Дома Фудбал Останато Јовиќ: Ги користев истите справи како играчот кој има коронавирус

Јовиќ: Ги користев истите справи како играчот кој има коронавирус

Коронавирусот прави огромни проблеми во фудбалот и во спортот воопшто. Од вчера целиот спортски колектив на Реал Мадрид е во карантин откако кошаркарот Томкинс бил позитивен на КОВИД-19.

Фудбалерите и кошаркарите го користеле истиот тренинг центар, па поради како превентива и фудбалерите се во карантин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За тоа што се случувало вчера во „Валдебебас“ зборуваше српскиот напаѓач Лука Јовиќ.

„Како и секој ден дојдовме на тренинг, меѓутоа брзо ни кажаа дека нема да тренираме и дека воопшто нема да има тренинзи во наредните две недели. Ни беше кажано сите да бидеме во своите домови и да не го напуштаме Мадрид. Така и функционираме во овој момент“.

„Јас бев повреден и не тренирав последните два три дена и за закрепнување ги користев истите справи со играчот кој има коронавирус. Се чувстуввам добро и немам никакви симптоми, за понатамошни чекори чекаме известување од клубот“, изјави Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарите го налутија Анчелоти со прашање за Мбапе

Сезонава Килијан Мбапе на 16 натпревари за Реал Мадрид постигна осум гола и забележа две а…