Дома Македонски спорт Јован Манев: Кога играме за Македонија, нема штедење

Јован Манев: Кога играме за Македонија, нема штедење

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе патува за Ријека за пријателскиот натпревар против Хрватска закажан на 3. јуни. Бронзените од последното Светско првенство се подготвуваат за настап на Европскиот шампионат а тоа ќе биде  шанса за фудбалерите на Благоја Милевски. 

Во пресрет на патувањето во Хрватска, своите очекувања ги изнесе дефанзивецот Јован Манев. 

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


– Среќен сум што сум заедно со соиграчите и стручниот штаб. Кога се игра против репрезентации како што се Хрватска или Чешка, селекции кои се подготвуваат за Европското првенство, мотивацијата е на највисоко ниво. Се надевам дека ќе бидат одлични тест натпревари за нас за предизвиците кои не очекуваат во септември. Кога се игра за репрезентација не постои штедење, фокусот е присутен постојано и кога сме на собир друга побитна работа нема. Сите тука сме со една цел, да постигнеме добар резултат. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…