Дома Фудбал Англија Јирген Клоп сака Ливерпул да им забрани на играчите да играат за репрезентациите

Јирген Клоп сака Ливерпул да им забрани на играчите да играат за репрезентациите

Квалификациите за СП почнуваат наскоро, а тоа може да направи дополнителни проблеми за клубовите.

Имено, многу клобови се жалат од жешкото темпо на натпревари кое го имаат оваа сезона, поради што многу играчи заработија повреди.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во најлош момент стигнува и репрезентативната пауза поради натпреварите за квалификациите за СП кое наредната година ќе се игра во Катар.

Меѓутоа, англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул може да им забрани на своите фудбалери да настапат за репрезентациите, а паузата да ја искористат за одмор.

„Не можете сите да ги направите среќни иако ја разбирам потребата на фудбалските сојузи. Клубовите ги плаќаат играчите што значи дека ние мора да бидеме на прво место. Во овој период едноставно не можат сите да бидат среќни.“ – рече Клоп.

ФИФА објави дека клубовите можат да одбијат да ги пуштат играчите на репрезентативните собири доколку мора по враќањето во карантин да бидат повеќе од пет дена.

„Се уште не сме сигурни што ќе биде и мора да сочекаме со донесувањето одлуки. Мислам дека сите се согласни дека не можеме да ги пуштиме играчите, а потоа по враќањето да ги држиме десет дена во изолација.“ – додаде тренерот на Црвените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…